Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска го повика Западот да ја санкционира руската ракетна индустрија по масовните напади што предизвикаа голема штета врз украинската енергетска инфраструктура.
„И се заблагодарив на ЕУ за нејзината континуирана помош во одбраната и подвлеков дека следните санкции на ЕУ треба да ја опфатат руската ракетна индустрија: тоа мора да престане“, напиша Кулеба на Твитер.
Кулеба денеска се сретна со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на маргините на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Полска.
Последните масовни руски ракетни напади, на 24 ноември, во темнина и под голем студ оставија делови и региони од Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев.
Извор: МИА