Дописникот на агенцијата „Асошиејтед прес“, Дејл Гавлак, во својата статија тврди дека сириските терористи му признале дека користеле хемиско оружје во нападот на предградието на Дамаск.
Потврдија дека нападот е последица на несреќен случај и нивно незнаење, вели тој.
-До овие сознанија дојдов по бројни разговори со лекари, жители на предградијата и бунтовниците. Многумина од нив се уверени дека терористите хемиското оружје го добиле од разузнавачките служби на Саудиска Арабија, со која раководи принцот Бандар бин Султан, а впрочем тие се одговорни за хемискиот напад, напиша Гавлак.
Според неговите зборови, „терористите“, му раскажале дека нападот е несреќен случај, бидејќи едноставно не знаеле како да постапат со проектилите кои што ги добиле.
-Мојот син пред две недели дојде кај мене и ме праша што мислам какво е тоа оружје кое го замолиле да го донесе – му раскажал на Гавлак, Абу Абдел-Монејм, татко на еден борец.
Како што пишува Гавлак, синот на Абдел загинал, со уште 12 бунтовници, во подземен магацин, каде што ги криеле проектилите.
Монејм, изјавил дека оружјето го добиле од еден саудиски офицер по име Абу Ајеша. Боевата муниција која што им ја предал, очевидците ја опишуваат како „цилиндри“, или„ долги балони со гас“.
Жената од редовите на терористите, која што Гавлак едноставно ја нарекува К. се пожалила дека луѓето кои што им го предале оружјето, не им објасниле како тоа се користи, и воопшто не им рекле што е тоа.
-Ние не знаевме дека тоа е хемиско оружје. Кога Бандар им дава на луѓето такво оружје треба да размислува за тоа да им го предаде на оние кои што знаат да ракуваат со него – изјавила К, која според зборовите на Гавлак и другите терористи не сакала да го каже своето име.
Елена Георгиевска