Пензионираниот американски генерал и некогашен командант на НАТО, Весли Кларк, во изјава за Си-Ен-Ен рече дека Бахмут е место каде што Украинците мора да се држат.
Руската армија моментално ги концентрира своите борбени сили на Бахмут и доколку го освојат, тоа би можело да биде пресвртница во војната, изјави пензионираниот американски генерал Весли Кларк.
Тоа е она што тие сакаат да го направат, ако можат да извршат голем притисок врз украинската војска, пред да донесат други сили од Херсон, ако можат да ја деморализираат украинската војска, да повикаат на прекин на огнот – Путин ќе победи“, коментира Кларк.
Тој додаде дека Бахмут е место каде што Украинците мора да се одржуваат.
„Тие се на јадица, но имаат големи загуби. Тоа е кланица, ќе бидат сомелени“, додаде Кларк.