Аналитичар: Русите планираат масовни воздушни напади

Од:

Се чини дека руските сили планираат „прилично големи воздушни напади“ во Украина, изјави денеска аналитичар за безбедност и одбрана. Професорот Мајкл Кларк, поранешен директор на Британскиот институт за безбедност и одбрана го изјави ова во интервју за Sky News.

„Русите полека напредуваат кон Бахмут“

„Има многу сателитски снимки од руски воздушни бази кои кружат на Твитер, се чини дека може да има голема активност во воздухот“, рече Кларк, додавајќи дека руските сили „полека напредуваат“ кон клучниот источен украински град Бахмут. Што се однесува до регионот Херсон во јужна Украина, таму Русите на источниот брег на реката Днепар „копаат длабоко за зимата и подготвуваат ровови“, рече Кларк.

„Русите го удираат Бахмут веќе четири недели и се обидуваат да го нападнат од три правци. Изгледа дека постигнале одреден напредок од југ“, додаде Кларк.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина