Украина: Руски војници силувале петгодишно девојче

Од:

Висок украински функционер денеска изјави дека руски војници силувале петгодишно девојче и 76-годишна Украинка, пренесува Sky News. Јулија Свириденко, заменик премиер на Украина, рече дека видела голем број признанија од украински девојки и жени кои биле жртви на сексуално насилство за време на војната.

На прашањето како руските војници се однесуваат со Украинките, Сириденко рече: „Ужасно. Разговаравме со жени и деца кои беа силувани. Најмладата имаше само пет години, а најстарата 76. Ова се ужасни приказни за кои светот треба да знае“

„Сакам да ја истакнам важноста на санкциите против Русија и важноста да продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружјето што ни е потребно за да ја завршиме оваа војна со победа. Нашиот народ страда огромно, особено жените и децата. Целиот свет се подготвува за Божиќ и Украина се подготвува за ново гранатирање, за ракети насочени според нашата електрична мрежа“, додаде таа.

Олена Зеленска, првата дама на Украина, неодамна ги обвини руските сили за „користење на силувањето како оружје“ во војната против Украина. Таа исто така тврди дека „сопругите на руските војници ги охрабруваат своите сопрузи да силуваат Украинки“.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Некои лидери на НАТО сакаат Украина да ја продолжи војната против Русија до последниот млад човек

Коваленко: На украинската војска не и е наредено да држи територија во руската област Курск

Русија: Руските вооружени сили гаѓаа воени аеродроми и складишта за муниција во Украина

Украина испрати ултиматум до НАТО во врска со нејзиниот прием

Зеленски: На силите во регионот Доњецк им треба значително зајакнување

Руските сили уништија 24 украински беспилотни летала над Русија