Путин предложи: Нова унија со Казахстан и Узбекистан?

Од:

Русија разговара за можна „гасна унија“ со Казахстан и Узбекистан за поддршка на снабдувањето меѓу трите земји и другите купувачи на енергија, вклучително и Кина.

Ова денеска го изјави вицепремиерот на руската Влада Александар Новак, пренесува Интерфакс

Новак не даде дополнителни детали за тоа што ќе вклучува синдикатот за гас или во која фаза се разговорите.

Портпаролот на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев изјави дека рускиот претседател Владимир Путин предложил таква идеја на средбата со Токаев во понеделникот. Тој исто така не соопшти детали, пренесува Ројтерс.

Додека Русија е главен извозник на природен гас, Узбекистан и Казахстан произведуваат приближно онолку колку што трошат. Двете земји се поврзани со гасовод со Русија, а посебен гасовод ги вкрстува двете на пат кон Кина.

Сепак, двата гасоводи главно пумпаат гас од Туркменистан, додека Казахстан и Узбекистан никогаш не пријавиле транзитни пратки на руски гас до Кина или која било друга земја.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Путин: „Орешник“ ќе ве претвори во прашина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски