Работник сериозно повреден откако паднал од метален столб

Од:

Работникот на Елем турс Скопје, подружница Попова Шапка, А.Р.(47) од Голема Речица се здобил со сериозни повреди откако паднал од метален столб, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации, работникот паднал изутрината околу 10 часот и 30 минути од висина од околу шест метри откако од засега неутврдени причини загубил рамнотежа додека работел на метален столб од ски лифт во месноста Овчарски ливади на Попова Шапка.

Неговите колеги веднаш го пренеле во Клиничката болница Тетово, но поради сериозноста на повредите тој веднаш бил однесен во Клиничкиот центар во Скопје. Според  информациите на Јосифовски, при транспортот повредениот бил контактибилен и надвор од животна опасност, но со сериозни повреди.

Полицијата извршила увид и работи на откривање на причините кои довеле до падот на работникот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски