Андриј Јусов, претставник на украинската одбранбена разузнавачка служба вели дека информациите за белорускиот напад врз Украина се лажни, и дека тие се создадени со цел да се шири паника.
„Гледаме различни цели; тоа е, од една страна, да се сее паника меѓу населението, меѓу Украинците, вклучително и жителите на пограничните области и региони. Од друга страна, да се дезориентираат украинските одбранбени сили, да се растераат и да има прераспоредување на војници од други фронтови..“, рече Јусов.
Белорусија и нејзините жители се втората цел на оваа психолошка специјална операција, рече тој, додавајќи дека Русија сака да ја вклучи Белорусија во војна од големи размери. „Тоа никогаш порано не се случило“, рече тој.
Режимот на Лукашенко и помага на Русија со оружје, опрема и воздушен простор, но според податоците на одбранбената разузнавачка служба не се зборува за учество на Белорусија во војната во блиска иднина, рече Јусов.