Во текот на вчерашниот ден (27.11.2022) МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи.
Од нив 64 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 500 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 453 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.