Терористите на Ал Шабаб нападнаа хотел во близина на претседателската палата, политичарите скокнаа низ прозорците

Од:

Сомалиските исламски милитанти нападнаа хотел во кој има ресторан за владини претставници во главниот град Могадишу, објави Ројтерс.

Терористичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда и контролира делови од земјата, ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека цел на нападот била блиската претседателска палата.

„Бевме потресени од силна експлозија, по што слушнавме пукање. Седиме во нашите куќи и слушаме пукање“, рече Ахмед Адбулахи, кој живее во близина на центарот.

Напаѓачите упаднале во хотелот „Виља Роуз“, но се уште не е познато колку има, соопштија полициски службеници.

Некои владини функционери избегаа бегајќи низ прозорците.

Безбедносните сили одговорија на нападот на Ал Шабаб врз хотел во областа Бондере во главниот град, објави државната телевизија СНТВ на Твитер.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија