Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 ноември, понеделник, поради најавено одржување на протест со почеток во 07.00 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и околните улици.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.