Русин откри: „Во САД е создадена хибридна верзија на корона, вирусот уби 80 отсто од заразените“

Од:

Хибридната верзија на коронавирусот, која ја комбинира верзијата омикрон со вирусот Вухан, беше развиена од истражувачи од Универзитетот во Бостон во октомври, тврди Игор Кирилов.

„Во октомври, Универзитетот во Бостон разви химеричен коронавирус врз основа на варијантата омикрон и оригиналниот вид Вухан. Хибридниот вирус развиен од Американците уби 80 отсто од заразените лабораториски животни, предизвикувајќи атипични невролошки симптоми и значителни повреди на белите дробови“, рече шефот на руските трупи за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита, генерал-полковник Игор Кирилов на прес-конференција во пресрет на деветтата конференција на Конвенцијата за биолошко оружје (BWC), пренесе ТАСС.

Според Кирилов, „Бостонскиот експеримент“ покажува дека има недостиг од владина контрола во истражувањето на генетскиот инженеринг и синтетичката биологија во САД.

„И покрај високите биолошки ризици, истражувањето е спроведено со средства на американската влада, но без соодветно одобрение од националната биолошка служба за безбедност“, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија