Илјадници приврзаници на египетскиот соборен претседател Мохамед Морси денеска протестираа во Каиро и другите градови.
Демонстрантите бараа Морси да биде вратен на власт. Денешните демонстрации уследија по апсењaта на голем број лидери на Муслиманско братство.
Претставник од Министерството за здравство изјави дека во денешните судири еден човек загинал и 21 се ранети во судирите меѓу приврзаници и противници на Морси.
Во протестите пред две недели беа убиени стотици лица.