Командантот на курдските сили во Сирија: Поради турските напади операцијата против ИД е прекината

Од:

Главниот командант на курдските сили Мазлум Абди денеска изјави дека операциите против ИД се прекинати поради минатонеделните турски напади во северна Сирија.

Тој нагласи дека по речиси една недела турски воздушни напади во северна Сирија, Анкара се подготвува за копнена офанзива.

Командантот на Сириските демократски сили рече дека опозициските борци поддржани од Турција се подготвуваат да учествуваат во операциите.

Абди додаде дека турските напади во текот на изминатата недела предизвикале сериозна штета на инфраструктурата.

Според него, Турција го користи смртоносниот бомбашки напад во Истанбул на 13 ноември, за кој Анкара ги обвини курдските групи. Курдските организации негираа каква било вмешаност во нападот во Истанбул во кој загинаа шест, а беа ранети десетици луѓе.

Сириските Курди поддржани од Вашингтон претходно негираа каква било поврзаност со нападот во Истанбул.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка