Уапсени седум криумчари меѓу спасените 483 мигранти кај Крит

Од:

Од брегот на Либија тргнал рибарскиот брод со 483 лица кои во вторникот беа спасени во близина на грчкиот остров Крит, а мигрантите платиле од 3.000 до 4.000 долари по човек за да стигнат во Италија, соопшти крајбрежната служба на Грција по спроведената истрага, во која се уапсени и седум криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.

Седумтемина уапсени криумчари биле меѓу спасените мигранти, а „при нелегалниот транспорт управувале со рибарскиот брод, долг околу 25 метри и имале различни улоги на бродот, кој поради вишокот на патници и недостатокот на средства за спасување живот, беше непловен“.

По спасувачката акција, била спроведена и прелиминарна истрага од службеници на крајбрежната служба и полицискиот оддел од градот на Ханија на Крит со помош на службеници од Дирекцијата за безбедност и гранична заштита и во соработка со Мобилната канцеларија на Еуропол која резултирала со апсење на седум лица кои, меѓу другото, се товарат и за нелегален влез во земјата; помагање за нелегален влез во земјата; формирање криминална организација; изложување на лица на опасност итн и ќе бидат изведени пред јавен обвинител.

Од крајбрежната служба на Грција додадоа дека ги анализира и обработува сите податоци и се истражува евентуална вмешаност на уапсените и во други случаи, како и можна нивна соработка со други членови на организирани мрежи за криумчарење мигранти.

Спасените мигранти, од кои 336 се мажи, десет жени, 128 се малолетни момчиња и девет малолетни девојчиња од средата, привремено се пренесени и сместени во патничкиот брод закотвен на пристаништето во Палеохора во југозападниот дел на грчкиот остров Крит.

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, веднаш по спасувачката акција испрати писма до потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас и комесарката за внатрешни прашања на ЕУ Илва Јохансон и побара ЕК итно да интервенира за релокација на спасените мигранти.

Фото: Крајбрежна служба на Грција

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната