Сирија ќе признае само комплетен извештај на ОН кој ќе биде заснован на истрагата од инспекторите на Светската органзиација, изјави денеска шефот на сириската дипломатија Валид Муалем.
Тој отфрли можност за прифаќање делумни заклучоци на ОН за наводниот напад со хемиско оружје од минатата недела.
Според Сириската телевизија, Муалем го информирал генералниот секретар на ОН по телефон дека неговата држава „ќе отфрли каков било делумен извештај кој ќе го објави генералниот секретар пред мисијата да заврши со истрагата и бидат објавени резултатите од анализата од примероци што ги собра мисијата“.