На женското тело му се потребни различни работи за беспрекорно функционирање, а меѓу нив посебно место заземаат минералите и витамините, кои се грижат за здравјето и изгледот.
Многу е важен магнезиумот, кој има голема улога при зајакнување на имунитетот, па затоа е корисен за коските, мускулите и нервите. Магнезиумот ги штити жените од стрес, а тој се наоѓа во житарките, семките, спанаќот или оревестите плодови.
Фолната киселина помага во изградбата на нови ќелии, ги штити срцето и крвните садови, а посебно е важен за време на бременост. Неа ја има во сината риба, авокадото, сојата.
Калциумот ги зајакнува коските и мускулите, а помага при нормален проток на крвта, одржувајќи здрав крвен притисок. Го има во природното млеко, алгите, сушеното овошје, сардините, зелениот зеленчук и оревестите плодови.
Витамините кои се потребни ги има повеќе. Витаминот Д, кој е всушност хормон задолжен за имунитетот, работата на тероидната жлезда и помага при лекување од рак на дојка, се наоѓа во месото, млекото и рибиното масло, а најдобар извор за овој витамин е сонцето.
Витаминот Б7 или витаминот Х е познат и како биотин и задолжен е за преработка на шеќерот во енергијата, правилниот метаболизам и здравјето на кожата. Го има во морковот, карфиолот, жолчката од јајце, бананите и печурките, како и во пилешкото месо и рибата.
Мозокот го штити витаминот Б12, одржувајќи ги нервите и крвните садови здрави, помага во изградбата на ДНК и ја спречува анемијата. Тој е посебно важен за вегетаријанците. Најмногу го има во јајцата, млекото и млечните производи, како и во месото од органско потекло.