Судовите и судиите под контрола на подароците на „Сфаровски“ и куферите со пари „Луј Витон“ веќе се претворија во адвокати на криминалот и корупцијата, велат од Алијанса за Албанците.
Оценуваат дека еден од обвинетите за најтешките криминални и коруптивни дела, Сашо Мијалков денес се спаси од осум години затвор, благодарение токму на овој правосуден систем во земјава.
„Во овој случај, јасно се виде како функционира организираната мрежа на (не)правда, каде основните судови намерно прават процедурални пропусти, со кои му создаваат алиби на Апелациониот суд да ги поништи одлуките и со тоа бескрајно да ги влече процесите“, се додава во реакцијата на Алијанса за Албанците.
Ова, според нив, е и доказ дека во Македонија нема ниту капацитет, ниту волја да се воспостави правда, а го потврдува констатацијата на Алијанса за Албанците дека на земјата и е потребна меѓународна мисија која ќе спроведе вистински реформи.