Костадиновска-Стојчевска на отворањето на новите простории на бугарскиот КИЦ во Скопје: Уметничката креативност нека биде поле за културен натпревар

Од:

„Во новите простории на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, посакувам да се всели нова енергија во македонско-бугарските културни релации и со убава емоција да се разгори страста за уметничка креативност како ’поле за културен натпревар‘ во кој победник е културата“. Во името на тоа пријателство, отворете ѝ ги ширум портите на културата!“, порача денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, заедно со министерот за култура на Бугарија, Велислав Минеков, ги отвори новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека бугарскиот КИЦ во Скопје и нашиот, македонскиот, во Софија, ја имаат таа цел – да нė поврзат, да нė едуцираат едни за други и преку културата да нė доближат и како народи и како пријатели.

На свеченоста, за улогата на културно-информативните центри во Скопје и во Софија, говореше и министерот за култура на Р Бугарија, Велислав Минеков. Тој го изрази задоволството од отворањето на новиот простор во центарот на Скопје, кој се промовира речиси по 20 години од отворањето на бугарскиот КИЦ во земјава. „Културно-информативните центри“, рече Минеков, „се мост кој создава услови за просперитет и зближување на двете култури, и кој го обезбедува заслуженото место на културата во општествата.“

Свеченото отворање беше проследено со изложба на дела од современи уметници од Северна Македонија и од Бугарија.

Претходно, министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска имаше средба со својот бугарски колега, Велислав Минеков, на која присуствуваа и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов, и директорката на бугарскиот КИЦ во Скопје, Антонија Велева.

На средбата, министрите ја потврдија традиционалната соработка и го изразија своето задоволство од фактот што министерствата за култура на двете земји негуваат слични приоритети во својата културна политика, во делот на заштитата на културното наследство, како и во поттикнување на активностите на младите. Беа разменети мислења, ставови и идеи за подобрување и за унапредување на соработката во сите сегменти, како и за активности што би можеле да се реализираат како заедничка агенда на културно-информативните центри во двете држави.

Костадиновска-Стојчевска, во оваа пригода, го запозна Минеков и со идејата за отворање Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Благоевград, изразувајќи уверување дека токму овие центри ќе придонесат за реализација на многу проекти и иницијативи преку кои бугарските и македонските автори и уметници ќе се претстават пред културната јавност во двете земји.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за екс министерката Костадиновска Стојчевска за Универзална сала

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари

Горан Наумовски

Лефков: Бисера Антоанета летала со владин авион за Црна Гора

Лефков: Бисера Антоанета со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

Горан Наумовски

Бисера Костадиновска со народни пари вечерала бизонско филе, телешко карпачо и школки за 400 евра во луксузен ресторан во Виена

Лефков: Другарка на Бисера Костадиновска го резервирала луксузниот стан во Виена платен со службена каричка

Катерина Ѓуровски