Жртвите на Џефри Епстајн тужат две големи банки

Од:

Две жени кои го обвинија Џефри Епстајн за сексуална злоупотреба поднесоа тужби против JP Morgan Chase и Deutsche Bank. Тие ги обвинија дека го игнорирале матното минато на нивниот клиент и дека профитирале од сексуалната трговија на Епшсајн.

Епsтајн си го одзеде животот во затворска ќелија додека го чекаше судењето по обвинение за сексуална трговија со малолетници. Двете тужби против банките беа поднесени вчера во Њујорк, а во нив беше побаран финансиски надомест. Тие беа поднесени од адвокати кои застапуваат десетици тужители на починатиот милијардер.

Според тужбата против Џеј Пи Морган Чејс, неименуваната жена, опишана како поранешна балерина, била злоставувана од Епстајн и неговите соработници во периодот од 2006 до 2013 година. Се наведува дека JP Morgan знаела дека нејзините сметки се користат за трговија со луѓе поради идентитетот на лицата кои подигнале големи суми пари, како и поради „добро документираната криминална историја на Епстајн“.

Во посебна тужба против Дојче банк, друга жена тврди дека Епсајн ја тргувал за секс 15 години, почнувајќи од 2003 година кога за првпат се преселила во Њујорк. Во тужбата се наведува дека Епстајн и се обратил на банката откако ги прекинал деловните односи со ЈП Морган околу 2013 година.

Се додава дека „банката не ги испитала темелно трансакциите на сметките за видовите активности кои се поврзани со минатото на Епстајн, иако го класифицирала како клиент со висок ризик“, пишува Би-Би-Си.

Дојче банк претходно призна дека направила „голема грешка“ кога почнала да работи со Епстајн. Но, портпаролот на банката вчера изјави дека смета оти тврдењата во тужбата се неосновани и дека аргументите за ова ќе ги изнесе на суд.

„Епстајн и неговиот круг на луѓе не можеа да извршат насилство врз жртвите без помош на богати поединци и финансиски институции. Нема да престанеме да се бориме за жртвите додека сите кои беа вклучени не ја преземат одговорноста. Ова е голем чекор, но не и крај“, рече еден од адвокатите на жртвите.

„Дојде време да се повикаат на одговорност оние кои ги овозможија злоупотребите, особено богатите пријатели на Епстајн и финансиските институции кои одиграа клучна улога“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавени документи за педофилот Епстин: Се спомнуваат Клинтон, Трамп, Принцот Ендрју

Катерина Ѓуровски

Жртвите на Џефри Епштајн ја тужеа Дојче банк: Банката мора да плати 75 милиони долари

Горан Наумовски

Џефри Епстајн имал широк круг пријатели: Сексуалниот предатор се среќавал со директорот на ЦИА, со советничка на Обама, со Чомски

Случај Епштајн: Поранешниот агент на манекенки Брунел пронајден мртов во затвор

Ана Ололовска

Принцот Ендрју бара да му се суди пред порота

Ана Ололовска

Принцот Ендру се откажа од сите воени и кралски титули

А1он