И покрај високата инфлација, во Турција повторно намалена референтната каматна стапка

Од:

Турската централна банка денеска повторно ја намали референтната каматна стапка за 1,5 процентен поен, иако инфлацијата во таа земја достигна 85 отсто.

Централната банка одлучи да ја намали каматната стапка на 9 отсто, по серијата слични големи намалувања.

Овој потег е во согласност со економските ставови на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој тврди дека зголемувањето на каматните стапки предизвикува инфлација, иако традиционалното економско размислување вели дека зголемувањето на каматните стапки помага да се држи инфлацијата под контрола.

Ердоган побара до крајот на годината каматната стапка да биде едноцифрена. Тој смета на пониски трошоци за задолжување за да ја поттикне економијата додека Турција се подготвува за претседателските и парламентарните избори во јуни следната година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ