162 санкционирани возачи во Скопје, 20 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, осум мерки возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово

Притвор за осомничен за спречување на полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ