Руската Влада одобри реструктуирање на кредитот за Кипар

Од:

Руската Влада одобри олеснување на условите за кредитот, што му е одобрен на Кипар во 2011 година, изјави рускиот заменик министер за финансии Сергеј Сторчак.

Москва вети да го реструктуира кипарскиот долг во март, по одобрувањето на спасувачкиот план од 10 милијарди евра од страна на ЕУ, ММФ и ЕЦБ. Никозија уште во јануари побара од Русија да и биде продолжен рокот за пет години за враќање на кредитот, образложувајќи со сложената финансиска ситуација како резултат на должничката криза во Грција.

Новите услови за кредитот од 2,5 милијарди долари, кои се одобрени на владина седница, вклучуваат намалување на каматата од 4,5 на 2,5 отсто.

– Кипар од 2016 година ќе треба да го врати долгот кон Русија на осум рати, наместо на една.

Секоја рата ќе се исплаќа на секои шест месеци, објасни Сторчак.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ