Полковникот Васко Ѓурчиновски нов командант на полкот за специјални операции на АРМ

Од:

Во касарната „Илинден“ денеска се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на полк за специјални операции (пСО) на АРМ. Должноста командант на пСО од бригадниот генерал Павле Арсоски ја прими полковник Васко Ѓурчиновски кој досега ја извршуваше должноста аѓутант на Претседателот на Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Талат Џафери, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, командантот на здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Методија Величковски, претставници од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици и други гости.

Честитајќи им ги новите должности на генералот Арсоски и полковникот Ѓурчиновски, министерот Џафери нагласи дека професионализмот, вештините, дисциплината, мотивираноста и патриотизмот се клучните карактеристики на оваа единица.

Генералот Сејдини, обраќајќи се на новиот командант на пСО, порача дека е потребно да се продолжи натамошниот развој на обученоста и оспособеноста на пСО, како и да се одржи рејтингот „секогаш најдобри“. Најдобра гаранција за тоа, рече, се стручноста, знаењето и военото образование на припадниците на единицата.

Досегашниот командант на пСО, бригадниот генерал Павле Арсоски истакна дека е привилегија да се раководи и командува со единица како што е пСО и дека секоја доделена задача се извршува максимално квалитетно, а на секој нов предизвик единицата одговара со уште повисоки перформанси, нагласувајќи го изградениот професионализам.

– Времето, општествените услови и безбедносните предизвици не обврзуваат да продолжиме со целосна посветеност кон остварувањето на нашите национални интереси. Нашето државно и воено раководство имаат целосна почит и доверба кон пСО како најелитна единица во АРМ заради што треба безрезервно да ја оправдаме довербата на нашите претпоставени, рече полковникот Васко Ѓурчиноски.

Досегашниот командант на пСО, бригадниот генерал Павле Арсоски со Указ на Претседателот на Република Македонија е поставен за командант на Првата механизирана пешадиска бригада во рамките на ЗОК.

Според Министерството за одбрана, во дваесетгодишниот развој, специјалците на АРМ со исполнувањето на многу предизвици, мисии и задачи дадоа силен печат во професионализацијата на АРМ, на тој начин градејќи силна традиција и култ на единицата, достојни за почит.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација