Бугарија ќе ги набави и вторите осум авиони Ф-16 Блок 70

Од:

Со 11 гласа „за“, парламентарната комисија за одбрана на бугарското Народно собрание го поддржа предлог-законот за ратификација на меѓународен договор за набавка на 8 нови американски авиони Ф-16Ц/Д Блок 70, муниција, обука, одржување , резервни делови, почетна поддршка и обука за бугарското воено воздухопловство, јави дописникот на МИА од Софија. Националистичкиот „Преродба“ гласаше против, а бугарските социјалисти гласаа воздржани.

Според министерот за одбрана Димитар Стојанов, Бугарија не треба да остане само со првите осум авиони Ф-16. Парламентарната комисија го поддржа и склучувањето на меѓународен договор за заеднички тактички радиосистем и поврзана поддршка и опрема. Следниот чекор е 48-то Национално собрание на кое ќе се гласа за купување на втората серија американски борбени авиони Ф-16. По стапувањето во сила на законот за ратификација на договорите, министерот за надворешни работи на Бугарија мора да ја извести владата на САД за спроведувањето на националните процедури по нивното влегување во сила, стои и во предлог-законот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски