Денеска променливо време со локален дожд, на планините снег

Од:

Променливо облачно со повремен локален дожд, на повисоките планини повремен снег, претежно во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.

В четврток времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините со повремен локален снег.

В петок и в сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а в недела се очекуваат нови локални врнежи од дожд и снег на планините.

Од петок утринските температури на повеќе места ќе бидат под нулата.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд