Фаучи ги повика Американците да се вакцинираат против ковид-19

Од:

Д-р Ентони Фаучи, американскиот здравствен службеник го искористи својот последен брифинг во Белата куќа да ја осуди поделбата и да ги промовира повторно вакцините.

Фаучи, кој планира наскоро да се пензионира како врвен медицински советник на претседателот Џо Бајден и главен функционер за заразни болести на САД, се занимаваше со трнливите прашања околу здравствените кризи од сида до птичји грип и ебола.

Фаучи го искористи последниот брифинг за печатот за силно да ги охрабри Американците да примат вакцини против ковид како и засилувачи, и ја промовираше ефикасноста на маските, пренесе Гласот на Америка.

Соединетите држави водат во светот по регистрирани смртни случаи од ковид-19 со повеќе од еден милион лица.

По 13 милијарди дози вакцини за ковид-19 дадени ширум светот, рече Фаучи, постои „јасно опширно тело на информации“ што укажуваат дека тие се безбедни.

Фаучи се повлекува во декември по 54 години јавна служба. 81-годишникот е на чело на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, дел од Националниот институт за здравје, од 1984 година.

Ветеранот имунолог служеше како советник на седум американски претседатели, почнувајќи од републиканецот Роналд Реган.

Фаучи планира да се пензионира до крајот на мандатот на американскиот претседател Бајден.

Би можело да ве интересира

По повеќе од 50 години епидемиологот Фаучи заминува од позицијата во американската влада

А1он

Фаучи: Ќе дадам оставка до крајот на мандатот на Бајден

Горан Наумовски

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

Фаучи: САД излегоа од пандемијата на коронавирус

А1он

Фаучи: Не би ме изненадило зголемување на бројот на инфицирани со Ковид-19

А1он

Фаучи: Преносливоста на Омикрон ќе го преоптовари здравствениот систем