Таравари дециден за влезот во Влада: Нема врска, чиста шпекулација

Од:

Алијанса за Албанците со која раководи Арбен Таравари и натаму негира дека се договорил со премиерот Димитар Ковачевски за влез во Влада. Иако дел од медиумите се повикуваат на извори од партијата и велат дека се договорени и точните ресори, а по првата средба на Таравари и Ковачевски, лидерот на Алијанса со спротивен став.

„Нема врска. Чиста шпекулација“, вели Таравари за „А1он“ а прашан дали влезот во Влада е договорен заедно со ресорите земјоделие, образование и здравство.

Информација дека Алијанса за Албанците преговара за влез во Влада, кружи вон јавноста од пред две недели. Во петокот имаше и средба Таравари-Ковачевски за која лидерот на Алијанса кажа дека се разговарало за друго, но не и за влез во Влада. По ова, во јавноста се појави информација дека двајцата биле кај Али Ахмети во Зајас, што исто така беше демантирано од Алијанса за Албанците.

Сепак, неофицијално, поддршката на Алијанса за Албанците би ја чинело Владата три министерства и голем број директорски места да бидат раководени од кадри на оваа политичка партија. Во замена, владејачкото мнозинство ќе добие поддршка од нови осум пратеници.

Би можело да ве интересира

Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

А1он

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција

А1он

Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Катерина Ѓуровски

Таравари се приклучи на блокот на криминалот и минатото, вели премиерот Мицкоски

Влен: Се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на Таравари да оди во скутот на Ахмети

Горан Наумовски