Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го обвини високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел за пристрасност.
-Ако Борел ги почитувал основните принципи на неутралност, наместо да го обвинува Косово, на Србија ќе и споменел некој од прекршените бриселски договори, наведе Османи на својот Фејсбук профил.
Она што го видовме од Борел е дека тој беше јасно пристрасен, застана на страната на агресорот и презентираше целосно искривена реалност, напиша Османи.
Таа додаде дека Косово никогаш нема да се откаже од јасната цел за долгорочен мир и стабилност, како и од законот и редот на целата нејзина територија.