Искршен клубот „Цар Борис III“, раководството: „Маскирани патриоти“ ги нападнаа Бугарите, до кога ќе молчиме?

Од:

По искршената табла на клубот „Цар Борис III“, сега се искршени и стаклата од влезот во објектот. Ваквиот чин доаѓа три дена откако клубот го прослави првиот роденден со настан кој го организираше во просториите. Од СВР Охрид го потврдуваат настанот и велат дека се случил ноќеска по полноќ. Сторителите засега не се фатени.

„Се работи на случајот“, велат од СВР Охрид.

На фејсбук страницата од клубот „Цар Борис III“ пак, споделена е објава во која лицата кои ги искршиле стаклата се нарекуваат „маскирани патриоти“.

„‘Маскирани патриоти’ чии лица се видливи ги нападнаа уште еднаш Бугарите и бугарските клубови. До кога ќе молчиме?“, пишува на фејсбук страницата.

Во четвртокот, во клубот „Цар Борис III“ се славело и една година постоење.

„Прослава по повод една година од нашето друштво Цар Борис III со голем број членови и пријатели, генералниот конзул и дипломати од Генералниот конзулат во Битола, со неуморна поддршка на Фондацијата Бугарска меморија и други. Милен Врабевски Фондација Бугарска меморија Милен Врабевски“, пишува во објавата.

Отворањето на просториите на клубот во Охрид кој носи контроверзно име се случи на почетокот од октомври. Тогаш, со протест и тензии помина свеченоста. „Ова брзо ќе изгори тука” извикуваа присутните. Тие го спореа името „Цар Борис III“ затоа што историски гледано, е дел од фашистичка Бугарија. За овој случај има и предмет во Уставен суд.

Според измените на Законот за здруженија и фондации, бугарските културни центри во земјава имаат рок од три месеци да ги променат имињата на здруженијата. Второто здружение го носи името „Ванчо Михајлов“, исто така контроверзна историска личност, соработник на фашистите, а клубот се наоѓа во Битола и беше запален.
Kristijan

Би можело да ве интересира

И името Цар Борис III пред бришење: Бугарскиот клуб доби негативно мислење од комисијата

Ана Ололовска

Комисијата за употреба на историските имиња утре ќе има седница за бугарскиот клуб „Цар Борис III“

Ана Ололовска

Централен регистар: Барањето на здружението „Цар Борис Трети“ одбиено поради недоставување на бараните документи во законскиот рок

Ана Ололовска

Истекува рокот за преименување на бугарските клубови

Катерина Ѓуровски

Здружението „Цар Борис Трети“ поднело барање за промена на името

Натепаниот Бугарин го менувал исказот: Прво кажал дека го натепале тројца, а потоа дека е натепан од едно лице

Кристијан Ландов