Иванов: Бугарскиот политички систем се движи кон расцепување

Од:

Формирањето влада во Бугарија ќе биде тешко, за таа да биде стабилна, потребно е нешто повеќе –поставување на приоритети и создавање таква структура и атмосфера што ќе ги увери граѓаните дека ова не е непринципиелен собир, изјави заменик-претседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов на почетокот на консултациите со претседателот Румен Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Иванов, бугарскиот политички систем е на пат кон распарчување и не може да се очекува појава на единствен субјект т.е. клучот отсега секогаш ќе биде дијалогот, барајќи форми на соработка. Но, многу е важно тоа да не е непринципиелно.

– Демократска Бугарија има три приоритети – судски реформи, безбедносни прашања во поглед на конфликтот во Украина и трето, тоа е разумен економски курс, што ќе се грижи за оние на кои им е потребна помош, но и почива на разбирањето дека излегувањето од инфлацискиот ризик и ризикот од економско забавување зависи од создавањето услови за раст, инвестиции и конкурентност, наведе Иванов.

Според него големата залог е дали политичките сили во Бугарија извлекле поуки и дали ги научиле лекциите. Корупцијата во својата генеза е злоупотреба на власта во Бугарија. За жал, измените на Изборниот законик и не само нивната содржина, туку начинот на кој мнозинството од три парламентарни партии почнаа да се однесуваат арогантно и брутално и покажа дека, за жал, лекциите не се научени и се дел од рецидивите кои секојдневно ги гледаме во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски