Оланд: Напад на Сирија е можен пред среда

Од:

Гласањето на британскиот парламент против воената интервенција во Сирија не ја намалува одлучноста на Франција да делува во Сирија. Ова го изјави претседателот Франсоа Оланд во интервјуто за париски „Ле Монд“, кое попладнево излегува од печат, пренесува дописникот на МИА од Париз.

„Да“ – одговара францускиот претседател на прашањето за можноста Франција да интервенира сама, без британските сојузници.

„Секоја земја е суверена да учествува или не во една операција. Масакарот од Дамаск не може да остане неказнет“, додава шефот на француската држава.

Франсоа Оланд понатаму објаснува дека располага со повеќе показатели кои водат дека одговорноста за нападот е кај режимот од Дамаск.

Францускиот претседател, исклучува да донесе одлука за интервенција пред да располага со сите елементи кои оправдуваат една воена акција, иако не е исклучена една таква интервенција пред среда 4. септември, за кога е свикана вонредна седница на францускиот парламент за ситуацијата во Сирија.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски