Доналд Трамп во саботата рече дека нема интерес да се врати на Твитер дури и откако тенкото мнозинство гласаше за враќање на поранешниот претседател на САД, кому му беше забрането да ја користи социјалната мрежа поради поттикнување насилство, во анкетата организирана од новиот сопственик на компанијата Илон Маск, пишува Ројтерс.
Нешто повеќе од 15 милиони корисници на Твитер гласаа во анкетата, а 51,8% гласаа за враќање на профилот на Трамп.
„Народот се изјасни. На Трамп ќе му се врати профилот“, напиша Маск на Твитер.
Твитер профилот на Трамп, кој имаше преку 88 милиони следбеници пред да биде забранет на 8 јануари 2021 година, почна повторно да собира следбеници и собра уште речиси 100.000 следбеници за неколку часа откако беше повторно во фунцкија.
Но, Трамп се чини дека не е толку заинтересиран за враќањето на Твитер.
„Не гледам причина за тоа“, рече поранешниот претседател преку видео на прашањето дали планира да се врати на Твитер преку панел на годишниот лидерски состанок на Републиканската еврејска коалиција.
Тој рече дека ќе се држи до својата нова платформа „Трут Соушал“, апликацијата развиена од неговиот стартап Трамп Медиа & Технолоџи Груп (ТМТГ), за која рече дека има подобар ангажман на корисниците од Твитер и дека работи „феноменално добро“.