Турски воени авиони гранатираа две села населени со Курди во северна Сирија, изјави портпаролот на Сириските демократски сили (СДФ).
Турција во вторникот соопшти дека планира да ја продолжи операцијата во северна Сирија против милитантите на Курдистанската работничка партија (ПКК) во Ирак, започната по смртоносниот бомбашки напад во Истанбул минатиот викенд.
Владата ги обвини курдските милитанти за експлозијата на авенијата Истиклал во Истанбул на 13 ноември, во која загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа повредени.
Турското Министерство за одбрана објави на Твитер доцна во саботата дека „се трага по одговорните за подмолниот напад“ заедно со фотографија од полетување на борбен авион.
Ниту една група не ја презеде одговорноста за експлозијата на прометната пешачка авенија во Истанбул, при што ПКК и СДФ негираа вмешаност.
Турција досега изврши три упади во северна Сирија против сириската курдска милиција (YPG), за која вели дека е крило на ПКК. Претседателот Таип Ердоган претходно изјави дека Турција може да спроведе уште една операција против YPG.