Кипар е подготвен дневно да прима до 10.000 евакуирани лица од земјите на Блискиот Исток

Од:

Кипар е подготвен дневно да прими до 10.000 странци кои се евакуираат од земјите на Блискиот Исток поради влошувањето на ситуацијата во Сирија, изјави кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис.

Според него, Кипар е подготвен на ваквиот развој на настаните и е во состојба ефективно да обезбеди сигурен транзит на странски државјани, кои живеат во кризниот регион.

– Подготвени сме дневно да примиме до 10.000 луѓе, истакна Касулидис, нагласувајќи дека услов е евакуираните граѓани да го напуштат островот во рок од 48 часа.

Властите во Никозија веќе имаат такво искуство, кога околу 60.000 Либанци беа евакуирани преку Кипар во летото 2006 година поради воените дејствија меѓу Израел и шиитското движење Хезболах.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ