РКЕ: Издадени над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Од:

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали.

Најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали, односно до сега во оваа година имаме издадено лиценци за 86,8 MW инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека 6,4 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за тероелектроцентрали на биогас, или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 MWh. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа, известуваат од РКЕ.

„Оваа количина на електрична енергија од над 95 МWh од обновливи извори на енергија гледано во апсолутен износ е и повисока од производството на ХЕЦ Козјак и со истата може да се задоволат потребите за 27.100 домаќинства. Ваквите приватни иницијативи во време на енергетска криза се покажаа како решение за многу стопанственици кои со инсталирање на фотонапонски електроцентрали ги намалија значително трошоците за електрична енергија и произведената електрична енергија ја користат за задоволување на сопствени потреби. Во сончеви периоди и денови овие потрошувачи коишто имаат инсталирано фотонапонски електроцентрали во најголем дел ги задоволуваат сопствените потреби и поради тоа немаат потреба да набавуваат електрична енергија од снабдувачите со електрична енергија и истата да ја плаќаат“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

A1on

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

A1on

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

A1on