ВИДЕО: Протести против харитените гласачки ливчиња во Софија и во Варна

Од:

На протестот против враќањето на хартиените гласачки ливчиња во Бугарија, вечерва говореа Кирил Петков од „Промените продолжуваат“, како и високи политичари од „Демократска Бугарија“ и претставници на граѓански организации.

Петков најави дека пратеничката група на неговата партија в среда ќе влезе во Народното собрание, но само за да гласа за работната група предложена од нивна страна за расправа за изборните правила.

На протестот беше упатен повик и барање до бугарскиот претседател, Румен Радев, да стави вето за измените на Изборниот законик, доколку тој мине во второ гласање во Националното собрание.

По завршувањето на протестите, учесниците се преселија пред зградата на Бугарската национална телевизија поради вечерашното учество на пратеникот на Движењето за права и слободи, Јордан Цонев, во емисијата „Панорама“.

Во Варна протестот беше спроведен до општинската зграда.

Демонстрантите соопштија дека промените во Изборниот законик се посегнување во изборниот процес. Тие се изјаснија и против зголемувањето на составот на ЦИК, што според нив ќе доведе до поголема зависност на Комисијата од политичарите.

Според нив, враќањето на хартиените гласачки ливчиња е манипулација за следните избори. Тие побараа гласањето да не биде мешано, туку само со машински.

Измените во Изборниот законик предвидуваат мешана форма на гласање со машински и хартиени гласачки ливчиња, што на прво читање го поддржаа партијата на Бојко Борисов, социјалистите на Корнелија Нинова и поранешниот премиер Стефан Јанев, како и за Движењето за права и слободи на Мустафа Карадај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски