78 отсто од Русите му веруваат на Путин покажува анкетата на Рускиот центар за истражување

Од:

Нивото на довербата на руските граѓани во претседателот Владимир Путин падна за една недела за 1,5 процентни поени, а сега му веруваат 78 отсто од граѓаните, покажува истражувањето на рускиот центар за истражување на јавното мислење.

„На прашањето за довербата на граѓаните во Владимир Путин, 78 отсто од испитаниците одговориле позитивно. Нивото на одобрување на работата на рускиот претседател е 73,7 отсто“, се наведува во извештајот, пишува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

Работата на руската влада ја одобруваат 49 отсто од испитаниците, а иницијативите на премиерот на Русија, Михаил Мишустин, ги одобруваат 52,2 отсто од испитаниците. Во извештајот се наведува дека 61,3 отсто од испитаниците му веруваат на рускиот премиер. Истражувањето било спроведено од 7 до 13 ноември на 1.600 испитаници постари од 18 години, пишува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он

Кремљ: Путин и Трамп веќе нема да разговараат по телефон

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски