САД: Саудискиот принц има имунитет од гонење за убиството на новинарот Кашоги

Од:

Американската администрација утврди дека престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, има правен имунитет од тужбата покрената против него за убиството на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги во 2018 година.

Американското Министерство за правда, во документ доставен до Окружниот суд Колумбија, напиша дека доктрината за имунитет на шефовите на држави се заснова на обичајното меѓународно право, така што обвинетиот бин Салман, како шеф на странска држава, ужива имунитет од јурисдикцијата на американските судови.

Кашоги беше убиен и распарчен од саудиски агенти во саудискиот конзулат во Истанбул во операција за која американските разузнавачи веруваа дека е нарачана од принцот Мохамед, кој е „де факто“ владетел на кралството веќе неколку години, пишува Ројтерс.

Принцот негираше дека го наредил убиството на Кашоги, но подоцна рече дека ја преземал одговорноста бидејќи тоа „се случило под негов надзор“. За време на неговата посета на Саудиска Арабија во јули, американскиот претседател Џо Бајден му кажа на принцот дека го смета за одговорен за убиството на Кашоги.

Кашоги ја критикуваше политиката на престолонаследникот во колумните на Вашингтон пост. Тој отпатувал во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да ги добие потребните документи за да се ожени за Хатиџе Џенгиз, турска државјанка, пренесува Ројтерс.

Ченгиз ја осуди ваквата изјава на Твитер, велејќи дека „Џамал ​​денеска повторно умрел“.

„Мислевме дека можеби светлината на правдата може да дојде од САД, но повторно парите беа на прво место“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

ОАЕ го осуди поранешниот адвокат на Кашоги на три години затвор

Ана Ололовска

Турција го предаде на Саудиска Арабија предметот за случајот Кашоги

Турција денеска одлучува дали на саудиските судови ќе го предаде предметот за убиството на новинарот Кашоги

Турската влада ќе му препорача на судот во Истанбул префрлање на случајот Кашоги во Саудиска Арабија

А1он

Убиениот саудиски новинар Кашоги доби улица во Вашингтон

Катерина Ѓуровски

Саудиска амбасада во Париз: Уапсениот осомничен нема врска со случајот Кашоги

Ана Ололовска