Mексиканскиот министер за јавна безбедност на сојузната држава Агуаскалиентес во централно Мексико загина во хеликоптерска несреќа во која загинаа вкупно пет лица, објави гувернерот на таа сојузна држава.
OTRO ACCIDENTE DE HELICÓPTERO
Cae el helicóptero de la Secretaría Estatal de Seguridad Pública de Aguascalientes y muere su Secretario Porfirio Javier Sánchez Mendoza, dos francotiradores y el piloto.
Muchas fallas en las aeronaves de los gobiernos, que pasa? pic.twitter.com/XZDRIHtjSU— La Bujía News (@bujia_la) November 17, 2022
Несреќата е снимена на камера, а на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот паѓа во празна тревна површина.
Сите пет лица во хеликоптерот загинаа, меѓу кои и министерот за јавна безбедност Хавиер Санчез Мендоза. Несреќата се случила во четвртокот наутро на северот на сојузната држава.
Тере Хименез, гувернерот на државата Агуаскалиентес, изјави дека причината за падот на хеликоптерот најверојатно е несреќа.