ВМРО-ДПМНЕ поднесе два амандмана за Предлог-законот за студентските оброци

Од:

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет единствена точка на дневен ред е спорниот Предлог закон за субвенциониран студентски оброк, поднесен од владеачкото мнозинство.

„Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, пред почетокот на Комисијата, сакаме да ја информираме јавноста дека за овој Предлог-закон ќе поднесеме два клучни и суштински амандмани, преку кои уште еднаш ќе се обидеме да ја одвратиме власта од својата намера и да ја извадиме на површина нивната лажна грижа за студентите. Првиот амандман е за зголемување на средствата за студентски оброк од 120 денари, како што предлага мнозинството, на 160 денари, додека пак вториот е за продолжување на рокот до крајот на учебната година, наместо до март 2023 година, како што предлага мнозинството рече пратеникот на ВМР0-ДПМНЕ Бојан Стојановски.

Јавноста и студентите мора да знаат дека овие наши предлози, колегите пратеници од мнозинството во изминативе денови, ги одбија. Но, еве уште една можност за власта да се вразуми и да ги прифати нашите амандмански интервенции на Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк.

Доста е од разно-разни лажни работни групи, средби, преговори, договори и преддоговори. Сега е време власта да покаже на дело дали за нив студентите се на врвот на приоритетната листа или пак се наоѓаат на самото дно заедно со останатите групи и категории на граѓани“ изјави Стојановски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата најавува жестока дискусија и аргументирана расправа за одбрана на интересите и потребите на студентите. Токму затоа, ја повикуваме власта да се вразуми и да ги прифати нашите предлози и забелешки, порача Стојановски.

Власта барем денес, на Меѓународниот ден на студентите, мора да сфати дека студентите се темелот на иднината на државата. Власта барем денес, мора да покаже дали заложбите и намерите им се искрени и вистински или пак празни и лажни порача Стојановски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Додека Македонија тагувала, Филипче анексирал договори за да се спаси – Дали причината за пожарот на Модуларната во Тетово се 20% и каде завршиле тие

ВМРО-ДПМНЕ: Јахоски ја отру и украде државата, па од судот доби пасош за шетање по Босфор

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека не е претседател ниту на советниците на Заев

Рубио: САД ќе ги поништуваат визите за кинеските студенти