Власта гласаше против зголемен студентски оброк, но е за милиони евра да фрли во пет телевизии за нејзино рекламирање

Од:

Владеачкото мнозинство кое го предводат СДСМ и ДУИ не гласаше за измените на законот за зголемување на субвенциониран студентски оброк од 120 на 160 денари предложени од опозицијата, но гласаше за потребата за законски измени во законот за аудио и аудиовизуелни медиуми кои ќе значат враќање на државното финансирање во медиумите.

Власта по студентскиот протест пред Собранието се договори со студентите да им покачи 30 денари плус за оброкот, односно од 120 на 150 денари за оброк, но тоа да важи од март, а дотогаш студентските организации треба да бидат вклучени во изработката на новото законско решение.

Ова е само 10 денари помалку од предлогот за измена на законот на ВМРО-ДПМНЕ за субвенциониран оброк што требаше да се донесе сега и да важи уште од тековната академска година.

Сумата за субвенциониран оброк е ништо во однос на сумата која ќе се потроши откако ќе се изгласаат измените на законот за ААВМУ со кој се предвидува враќање на јавните кампањи во медиумите финансирани со пари од граѓаните.

Околу три милиони евра од колачот од пет милиони евра ќе легнат на сметка на петте национални телевизии. Според експертите, овој предлог на законски измени ќе ги фаворизира само големите телевизии и ќе создаде клиентелизам.

– Ни ги одбија сите закони за заштита на граѓаните од сиромаштија, вклучувајќи ги и измените на законот за субвенциониран оброк од 120 до 160 кои требаше да се носат по скратена постапка. Утре ќе им го поднесеме во форма на амандман на нивниот закон, но сигурно пак ќе го одбијат – истакна за „А1он“, Игор Здравковски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Комисијата за образование, наука и спорт.

На предложените измени неколкупати реагираше ААВМУ сметајќи дека се проблематични, почнувајќи од дефинирањето на кампањите од јавен интерес, начинот на спроведување и особено нивното финансирање со средства од државниот буџет и од буџетите на локалната самоуправа.

Со измените, финансирањето на кампањите од јавен интерес се обезбедува од буџетот во висина од задолжителни 0,1 отсто. Од овие средства, 80% се наменети за кампањи за јавен интерес кои ќе се емитуваат само на национални телевизии, а другите 20 отсто се наменети за регионални телевизии и радија на државно и регионално ниво.

Би можело да ве интересира

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски систем

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите