Првиот човек на МИ5: Руските шпиони го претрпеа најголемиот стратешки удар во поновата историја

Од:

Првиот човек на британската разузнавачка служба МИ5, Кен МекКалум, денеска го претстави годишниот извештај за безбедносните закани и во него тој посочи дека Русија годинава го претрпела „најтешкиот стратешки удар во поновата историја“, бидејќи по почетокот на руската инвазија на Украина околу 400 руски шпиони биле протерани од Европа.

-Но, предупреди МекКалум, Кремљ се обидува да ја обнови својата шпионска мрежа.

Тој кажа дека Велика Британија во 2018 година протерала 23 руски шпиони кои се претставувале како дипломати,а имале било какви врски со труењето на Сергеј и Јулија Скрипал во Солсбери, и оттогаш одбила „повеќе од 100 руски дипломатски барања за визи“ поради национална безбедност.

Коментирајќи ги руските тврдења дека Велика Британија била вмешана во саботажа на гасоводот Северен тек, Мекалум рече дека тие се „смешни“. Но, додаде, дека „Обединетото Кралство мора да биде подготвено за руска агресија во годините што доаѓаат“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија