Германското Министерство за одбрана денеска информира дека на Полска ќе и понуди поддршка во патролирање во нејзиниот воздушен простор.
-Патролите ќе доаѓаат од базите на германските воздухопловни сили, тоа веќе го правевме на почетокот на оваа година до јули, тоа е испробано и тестирано, рече портпаролот Кристијан Тилс.
Тој додаде дека за ваквата понуда германската министерка за одбрана ќе разговара со нејзиниот полски колега, подоцна во текот на денот.
-Доколку Полска сака тоа може да се направи уште утре, рече Тилс, додавајќи дека авионите не ќе мора да се префрлаат во Полска за оваа операција.
Извор: МИА