Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, жестоко реагираше на објавата на известувачката за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, во која ја коментира средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и советникот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, Турк Даудов.
По тој повод, Вучиќ доби чеченски традиционална облека и шубара на подарок, а фон Крамон по тој повод го објави следниот твит:
How it started How its going pic.twitter.com/UgEldKgDGz
— Viola von Cramon 🇺🇦🇪🇺 (@ViolavonCramon) November 15, 2022
На ова следеше реакција на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
„Бидејќи сум во друга временска зона (Сингапур), само што го видов овој тажен обид за духовитост. Како известувач за ЕУ, на Виола не и е грижа што Приштина го игнорира Бриселскиот договор (10 години), наместо тоа, таа постојано зборува дека претседателот на Србија го прави истото како и лидерите на ЕУ. Лицемерие“, напиша Брнабиќ на Твитер.
Due to a different time zone (Singapore), just saw this sad attempt at being funny. As an EU rapporteur, Viola doesn’t care that Priština ignores the Brussels Agreement (10 yrs), instead she goes on & on about @predsednikrs for doing exactly what EU leaders are doing. Hypocrisy. https://t.co/f0B0xwbvyr
— Ana Brnabic (@anabrnabic) November 16, 2022
А потоа додаде:
„И, пријателски совет: Ве молиме Виола фон Крамон најдете советник за хумор. Ви треба тој“.