Литванскиот претседател Гитанас Наузеда изјави денеска дека НАТО треба брзо да распореди повеќе системи за противвоздушна одбрана на полско-украинската граница и на остатокот од источното крило на Алијансата.
„Литванија активно ќе го поддржи распоредувањето на противвоздушна одбрана долж полско-украинската граница“, изјави Науседа за новинарите, додавајќи дека тоа важи и за остатокот од источното крило, пренесе Ројтерс.
Наузеда изрази надеж дека до самитот на НАТО следната година во Вилнус „ќе можат да постигнат напредок, бидејќи ситуацијата потврдува дека тоа е вистинската одлука и дека треба брзо да се спроведе“.
На истокот на Полска вчера се случи експлозија во која загинаа две лица, а Полска се сомнева дека се работи за руска ракета.
НАТО и САД го истражуваат инцидентот.