Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ја почитува изјавата на Русија дека нивните ракети не ја погодиле полската територија и оти смета дека Москва „нема никаква врска со проектилот“.
„Русија објави дека нема никаква врска со експлозијата, а американскиот претседател Џо Бајден вели дека овие проектили не се руско производство. Ова покажува дека Русија нема никаква врска со ракетата“, рече Ердоган на прес-конференција за време на Г-20 самитот во Бали, Индонезија, пренесува Ројтерс.
Ердоган рече дека ситуацијата мора да се истражи и дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин кога ќе се врати во Турција.