Сирија би можела да им возврати на САД со сајбер напади

Од:

Доколку САД ја нападнат Сирија, тоа ќе биде за прв пат да извршат напад врз држава која што е подготвена да се одмазди со сајбер напади, оценуваат експертите.

Ризикот го зголемува сирискиот сојуз со Иран, кој во последните три години ги зајакна своите сајбер капацитети и веќе на Дамаск му дава техничка и друга поддршка.

Ако Иран застане зад Сирија во каков било судир со САД, тоа особено ќе ги зголеми сајбер заканите, сметаат експертите за безбедност.

Сириската електронска армија (СЕА), односно хакерска група лојална на претседателот Башар Ал Асад, веќе изведе серија организирани сајбер напади против САД.

Таа имаше упади на интернет страните на американските медиуми и сега се заканува дека ќе ги засили таквите напади доколку Вашингтон го бомбардира Дамаск.

-СЕА, веројатно некако ќе одговори, можеби со помош на група поврзана со Иран – изјави поранешниот советник на Белата куќа за сајбер безбедност и антитероризам, Ричард Кларк.

Малку се знае за хакерите на СЕА и нема докази дека таа група е способна да спроведе разорни напади на клучната инфраструктура. До сега најголема штета од оваа армија имаше кога хакерите влегоа на „Твитер“ сметката на агенцијата „Асошиејтед прес“ и испратија измислени објави за експлозии во Белата куќа.

Лажните вести предизвикаа пад на берзите на кои што за кратко време се изгубени 100 милијарди долари.

Во својата интернет порака СЕА вели дека се е можно доколку САД започне воена интервенција против Сирија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија