Трансформаторот за РЕК Битола тргна од фабриката во Турција

Од:

Новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола кој се изработуваше во фабрика во Турција, вчера изутрина тргна со специјален камионски транспорт кон Битола, известуваат Електрани на С. Македонија.

„400-киловолтниот трансформатор со тежина од 240 тони се пренесува со специјална композиција преку патен транспорт низ Турција, бродски и патен транспорт низ Грција, и патен од преминот Меџитлија до РЕК Битола. Композицијата долга 60 метри побарува специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина.

Транспортот тргна со задоцнување од една седмица од предвидениот рок, поради подолгото време кое беше потребно да се осигураат сите услови и соодветни дозволи за движење во Р.Грција, кои произлегуваат токму од специфичноста на овој транспорт. Трансформаторот се очекува да пристигне во РЕК Битола на 22 ноември, по што ќе бидат потребни 10-тина дена за да се изврши монтажа на истиот“, соопштува ЕСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност