Ковачевски: Иднината е полноправно членство во ЕУ, секоја одлука што ја носиме е во интерес на граѓаните и државата

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска се сретна со европратеничката и лидерка на пратеничката група на Прогресивната Алијанса на Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент Ираче Гарсија Перез, по што се одржа и заедничка прес-конференција.

На прес-конференцијата, како и на состанокот е изразена јасна поддршка на напредокот на Република Северна Македонија во евроинтеграциите и полноправно членство во Европската Унија.

„Драго ми е што, од нашата последна средба во Брисел, ние веќе имаме можност да разговараме за отпочнатите преговори на ЕУ со СМ, отпочнатиот скрининг, за напредокот, за потпишаниот Договор за ФРОНТЕКСТ, за нашата европска иднина и европски пат. Отпочнувањето на преговорите на 19-ти јули годинава означува ново поглавје во нашиот европски пат и е јасен приказ за сите наши досегашни реформи и заложби како Влада да ја оствариме нашата стратешка цел, полноправното членство во ЕУ.

По тешките и долги преговори со Бугарија, покажавме визија, лидерство и храброст и донесовме одлуки кои ќе значат подобра иднина, подобар животен стандард за граѓаните, ќе значат можност, нашите деца, идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тука, дома, во нашата Северна Македонија. Она што беше исклучително важно за нас во преговорите, а за кое успеавме да се избориме, е заштитата на македонскиот јазик и негово издигнување на еднакво рамниште со сите европски јазици, заштита на македонскиот идентитет, се изборивме за историските прашања да разговараат експерти историчари, а не политичари и тоа во рамки на историската комисија. Сето ова го обезбедивме и ги започнавме преговорите и од тогаш до денес, и ние, и ЕУ ги исполнуваме нашите ветувања“, изјави Ковачевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски